За Нас
Асоцијацијата за природна, енергетска и духовна медицина "Петтиот елемент" е формирана со цел едукација за подигање на свеста кај граѓаните за значењето на правилната исхрана во превенција од малигни болести како и подигање на свеста на граѓаните од областа на природната, енергетската и духовната медицина и унапредување на духовното и физичкото здравје преку афирмација и презентација на третмани од наведените области за подобрување на физичката, духовната состојба и позитивното расположение кај луѓето.
Природна медицина
Под поимот Природна медицина се подразбира:
Терапевтска дејност која во себе ги вклучува сите тераписки постапки во кои според правила за секоја терапевтска метода се користат природни, хемиски необработени состојки и препарати (лековити растенија, минерали, разни сумплементи, етерични масла, препарати од мед, здрава храна и слично).
Тоа се препарати кои се конзумираат преку пиење, јадење, се мачкаат (масажа), вдишуваат или некако друго се конзумираат.
Енергетска медицина
Под поимот Енергетска медицина се подразбира:
Терапевтска дејност која ги вклучува сите тераписки постапки кои според правила за секоја терапевтска метода се користат за воспоставување на рамнотежа и проток во организмот а тоа се прави на различни начини:
Духовна медицина
Под поимот Духовна медицина се подразбира:
Терапевтска/ исцелителна дејност која ги вклучува сите тераписки постапки во кои според правила за секоја метода со вербата во Бога, независно внатре од кој верски состав, потекнува оздравувачки процес во човекот. Притоа не смее да се става самиот човек во улога на Бог и да користи разни измами и манипулации при користење на специфичните методи како посредник.
Оваа поделба на системите природна, енергетска и духовна медицина се темели на тераписките средства кои се применуваат во поедини методи и состави:
Како посебен дел во склоп на сите три системи се дијагностичките уреди во служба на квантната и биомедицината кои за разлика од првите три по пристап на болестите е единствена затоа што не се дели на различни тераписки методи туку на специјализација по органи и состави.