Реики

Како се чувствувате?

Здраво, среќно. позитивно, мотивирано?

Доколку Вашиот одговор е Не...

ПРОБАЈТЕ РЕИКИ !!!

... и видете како ќе се чувствувате!

Нашите животи се исполнети со борби, крајни рокови, фрустрации, барања од сферата на работата, финансиите, врските и семејството. За многумина, стресот е секојдневие кое прераснува во начин на живеење.

Во мали дози, стресот ни помага да функционираме под притисок и не мотивира да го извадиме најдоброто од нас.

Но, после одредена точка стресот престанува да биде помагател и предизвикува голема штета на нашето здравје, расположение, продуктивност, влијае на нашите врски и квалитето на нашето живеење.

Реики функционира со ребалансирање на телесната енергија; ги отстранува блокадите во и надвор од телото кои се таложеле со години а резултирале со физичка болка, стрес, емотивни грижи и неспособност да се продолжи понатаму.

Реики третманот ќе направи да се чувствувате регенерирани, ревитализирани и повторно мотивирани.

Реики е јапонска техника за редукција на стресот, релаксација која го промовира здравјето.

После Реики сесијата се чувствувате релаксирани, опуштени, детоксифицирани, од сето она што е ,,отпад,, од Вашиот систем. Несакани ефекти не постојат.

Придобивки од Реики:

Физички

Го промовира природното самоизлекување
Го чисти телото од токсини
Ги балансира енергиите во телото
Ослободува од болки и релаксира
Допринесува за мирен сон
Ја зголемува енергијата и виталноста
Го зајакнува имунолошкиот систем

Ментални

Ослободува од стрес
Го разбиструва разумот, фокусот и разбирањето
Ја зајакнува концентрацијата
Ја унапредува и промовира креативноста
Го зајакнува самоспознавањето

Емотивни

Нуди емотивен баланс
Го зајакнува чувството на сигурност
Ги потенцира чувствата на мир и љубов
Ослободува од стравови и несигурност
Ги лекува потиснатите стравови
Ги лекува блокираните и потиснатите чувства
Го промовира позитивното мислење

Духовни

Ја зголемува интуицијата
Го ревитализира телото и духот создавајќи духовен еквилибриум
Ја извлекува духовната вистина