Ароматерапија

Ако ги бараме почетоците на ароматерапијата ќе ги најдеме кај античките Еѓипќани кои биле прави мајстори за масажа и експерти за нега на кожата. На Клеопатра ароматерапијата и бил најсаканиот начин за нега на телото и духот. Подоцна старите Грци и Римјани ги користат билките и нивните лековити и мирисни својства во масажа, при лечење и во козметиката.

Арапската цивилизација во античките времиња го усовршува методот за дестилација на растителните екстракти и изработува рецептури за производство на миризливи масла. Во источните цивилизации терапијата со билки се користела паралелно со употребата на акупунктурата.

Во средновековната Европа билките се користени за прекривање на подовите се со цел оплеменување на просторот и спречување на ширењето на заразни болести. Самиот термин ароматерапија востановен е во Франција во 1928 година кога познатиот хемичар Gattefosse ги открил лековитите својства на етеричните масла на лавандата кога ги потопил дланките кои биле изгорени од хемикалии. Откако увидел дека раните многу брзо зараснале тој почнал детално истражување што резултирало со појава на ароматерапија.

Самиот поим ароматерапија означува контролирано користење на етеричните масла, како би се урамнотежило и унапредило здравјето на телото, умот и духот. Ароматерапијата на секого му дава можност на сосема природен, нешкодлив начин, со користење на екстрактите од билките да ја оддржи психофизичката рамнотежа, да го зајакне имуниот систем, да го ослободи од напнатост телото, да ги урамнотежи и смири своите емоции.

Релаксирањето на духот и телото, т.е постигнување на урамнотеженост на менталното и физичкото, се цели кои денеска секој ги поставува пред себе ако му е разбудена свеста за неопходноста од здрав и убав изглед.

Во светот постојат два модели на ароматерапија-француски и англиски модел. Францускиот модел е интегриран во медицината што би значело дека со ароматерапија се занимаваат исклучиво доктори. Моделот подразбира и орално конзумирање на етеричните масла.

Англискиот модел за разлика од францускиот ја исклучува оралната примена на етеричните масла и маслата се користат со нанесување на кожата и со ингалација се со цел намалување на стресот, олеснување на тегоби предизвикани од стрес, превенција на болести, како и за нега и разубавување на телото. Според англискиот модел, за ароматерапевтска пракса не е потребно да се има медицинско образование.

Терапијата со етерични масла е една од најпопуларните области на природната медицина но дури во средината на дваесетиот век започнува вистинското истражување на составот и лековитите дејствија на етеричните масла.

Посебно карактеристично е нивното бактерицидно и антивирусно дејство во сузбивање на инфекциите кои се отпорни на методите на конвенционалната медицина. Некои етерични масла го стимулираат обновувањето и растот на здравите клетки, и исто така ја регулираат физичката, емотивната и менталната рамнотежа на човекот.

Ја потикнуваат регенерацијата на нашиот комплетен биосистем и го зајакнуваат имунитетот, го освежуваат преморениот организам, ги смируваат надразнетите нерви и го подобруваат расположението.

Ароматерапијата е блиска на масажата и лечењето со допир, затоа што маслата помагаат и го засилуваат делувањето на овие методи на исцелување и воспоставување на енергетската рамнотежа во човекот. Етеричните масла за брзо време преку кожата продираат во крвотокот, кој лековитите честички ги разнесува по целиот организам и му носи благотворно влијание.

Ни едно етерично масло не делува само на една област, еден орган или проблем и тип на тешкотија, туку нивното дејство многу често е повеќенаменско и разноврсно. Нивната функција е антисептична и нервно-психолошка, без нус појави, затоа што етеричните масла ги уништуваат штетните микроби, но не ги уништуваат ткивата на органите и нервните клетки.

Општи особини:

интензивен и специфичен мирисиспарливостбојарастворливост во алкохолнемасност

Имаат специфичен вкус, лутина, горчина или слаткост. Дејсвото им е моментално или брзо од 20- 70 минути и веќе може да се најдат во мокрачата или ткивата. Тие се екстремно продорни и делотворни, затоа што се есенции на растенија од кои се добиваат со дестилација или екстракција.