Лековити Растенија
Внимателна употреба за избегнување на негативни последици.
Лековитите растенија содржат слични состојќи како и лекарствата и треба да се биде внимателен при земањето на природните препарати бидејќи може да имаат разни негативни последици
Алое Вера
Ја зголемува активноста и делувањето на кремите кои содржат хидрокортизон. Со истовремено користење на лекови против дијабетес силно го намалува количеството на шеќерот во крвта, што може да предизвика хипогликемија и губење на свеста, бидејќи мозокот останува без потребната енергија..
Боровица/ Смрека
Плодовите не смеат да се користат при воспаление на бубрезите. Употребувањето на плодовите бара многу прецизно дозирање. Не се препорачува за време на бременост.
Лук
Го спречува згрутчувањето на крвта и не треба да се земе истовремено со други средства против згрутчување на крвта. При земањето на други медикаменти против СИДА, се намалува ефикасноста.
Див костен
Домашните припремања од плодот или листовите на дивиот костен може да бидат опасни и да предизвикаат труење, па треба да се користат претежно производи од билни аптеки. Во случај на употреба заедно со средства против згрутчување на крвта, потребно е да се консултира со лекар.
Ехинацеа
Не смее да се користи при автоимуни болести затоа што провоцира комплетен раст на имунолошкиот состав па така и на оној дел од него кој сам го напаѓа своето тело. Тоа се болестите на тироидната жлезда, ревматоидниот артритис, Кроновата болест, улцеративниот колитис, лупус, ХИВ, мултиплекс склерозата, и херпеси.
Еукалиптус
Маслото на еукалиптусот е отровно, додека маслените препарати од еукалуптус може да влијаат на слабеење на ензимскиот состав на црниот дроб. Препаратите не смеат да се даваат на деца помлади од 2 години.
Гавез
Никако не смеат да се мачкаат чиреви со маст од гавез додека целиот гној не е излезен од внатрешноста. Кожата површински толку добро и наеднаш се регенерира што станува задебелена и здрава но една капка на гној од длабочината на чирот повторно го покренува целиот процес на загнојување што може да доведе до состојба полоша од претходната.
Гинко билоба
Не смее да се користи истовремено со средства кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Го зголемува влијанието на медикаментите неуролептици.При истовремена примена со антидепресиви може да предизвика сексуални пречки. Не се зема заедно со аспирин и антиревматични медикаменти.
Глог
Не се зема истовремено со средства за регулирање на крвниот притисок. Доколку е дијагностицирана срцева болест тогаш е потребно да се консултира со доктор пред земање на глог.
Кантарион
Основен проблем е што ефектот од препаратите со кантарион се судираат со ефектот на низа медикаменти па за подолга употреба мора да се посоветува со фитотерапевт или доктор кој е запознат со несканите ефекти.
Хмељ
Истовременото користење заедно со средства за смирување го зголемуваат нивното делување.
Жалфија
Во големи (или само поголеми за осетливи луѓе) дози е неуротоксична што значи дека може да предизвика нервоза, главоболка а ректо но сепак се забележани и халуцинации. Силна концентрација на чај од жалфија предизвикува контракции на мускулите така што кај осетлив желудник може да предизвика повраќање, а кај бремени жени контракции на матката. Внимавање е потребно при силни дози кај лица со епилепсија и мигрена т.е кај сите на кои контракцијата на мускулите посредно или непосредно им наштетува.
Камилица
При високи дози го зголемува делувањето на медикаменти против згрутчување на крвта. Не се зема истовремено со средства за смирување или со алкохол. При осетливост на желудник силна и незасладена доза може да предизвика мачнина.
Коприва
Колку и да е ниско железото во крвта или ако се сака пролетно чистење на организмот со коприва, доколку се има низок крвен притисок може да се направи голема грешка. Копривата толку добро ги дренира бубрезите и може да го поремети природниот баланс на водата во организмот од кој директно зависи крвниот притисок кој паѓа.
Липа
Го зголемува делувањето на медикаменти за срцеви тегоби и не треба да се зема заедно со медикаменти за срце. При долго континуирано применување на чај од липа може да предизвика срцеви тегоби (но при навистина многу долги временски периоди на негова примена). Големо внимание треба да се обрне за примена кај деца и стари лица.
Маточина
Го зголемува влијанието на средствата за смирување.
Сремуш /див лук
Кај силно осетливи лица за низок крвен притисок може да предизвика поголем пад на притисокот.
Диво нане
При долготрајна употреба може да предизвика тешкотија со бубрзите, срцеви непријатности и губиток на апетитот.
Пелин
Да се одбегнува долготрајна употреба. При прекумерно користење може да дојде до вртоглавица, минливо заматување на свеста, но и умствено пореметување. Може да предизвика затврднување на желудникот, опстипација и вишок на желудечна киселина. Не се користи при чир на желудник и дванаестопалачно црево.
Пискавец
Ако сакате да направите крема за лице со пискавица, освен што ќе се исчисти кожата на лицето, благо ќе осветли и изнијансира, на делови на лицето кои се третирани со кремата може да се случи појачана влакнетост.
Коњско опавче/Преслица
Честите коментари во книгите од народната медицина дека коњското опавче предизвикува недостаток на витамин Б и дека го поттикнува правењето на камен во бубрезите сепак не се точни. Недостаток на витаминот Б предизвикува еден вид на коњско опавче кој се користи за сточна храна и е сроден со полскота коњско опавче, иако таа не се користи за исхрана на луѓето и претежно расте во Америка. Новите научни истражувања докажале дека при употреба нема да предизвика крв и камен во бубрезите иако традиционалната медицина го тврди спротивното.
Ротквица
При примена на ротквица внимание треба да обрнат тие со болести на срцето, како и болести на црниот дроб, со чир на желудникот и дванаестопалачно црево и со воспалителни процеси на желудечно-пробавниот тракт.
Рузмарин
Ја поттикнува циркулацијата и ќе ги загрее студените нозе но и ќе го повиши крвниот притисок и ќе го појача менструалното крварење.
Сена
Се користи против затвор со провоцирање на механичко движење на цревата, што може да предизвика грчеви. Не треба да се користи за време на бременост и доење како ни кај лица со ненадејна појава на болки во абдоменот и следователна опстипација кои може да се последици на акутни состојби (воспаление на слепо црево, преплет на црева).
Ајдучка трева
Кај осетливи на низок крвен притисок, може да допринесе за поголем пад на притисокот.
Исто кај осетливи лица може да предизвика алергиска реакција и затоа треба да се корист само млада тукушто расцветана ајдучка трева и чај во мали количини.
Валеријана
Ги зголемува ефектите на медикаментите за смирување и против несоница, и не смее да се зема истовременоа. Во големи количини и при долготрајна употреба може да го оштети срцето и да предизвика зависност, како и некои потешкотиии со црниот дроб и треперење на рацете.
Зелен чај
Кофеинот од зелениот чај може да предизвика компликации ако се зема истовремено со антидепресиви. Во поголема количина ја разредува крвта.