Асоцијација за природна, енергетска и духовна медицина
Асоцијацијата за природна, енергетска и духовна медицина “Петтиот елемент” е формирана со цел едукација за подигање на свеста кај граѓаните за значењето на правилната исхрана во превенција од малигни болести како и подигање на свеста на граѓаните од областа на природната, енергетската и духовната медицина и унапредување на духовното и физичкото здравје преку афирмација и презентација на третмани од наведените области за подобрување на физичката, духовната состојба и позитивното расположение кај луѓето.
Под поимот Природна медицина се подразбира:
Терапевтска дејност која во себе ги вклучува сите тераписки постапки во кои според правила за секоја терапевтска метода се користат природни, хемиски необработени состојки и препарати (лековити растенија, минерали, разни сумплементи, етерични масла, препарати од мед, здрава храна и слично).
Тоа се препарати кои се конзумираат преку пиење, јадење, се мачкаат (масажа), вдишуваат или некако друго се конзумираат.