images

Смуди

Тоа е здрав и освежувачки напиток кој се прави од овошје и зеленчук, со додаток на други намирници, иако некои се прават од 100% овошје или зеленчук. Се прави без додаток на шеќер. Разликата помеѓу смуди напитокот и сокот е во тоа што сокот се состои само од исцедениот дел, додека базата на смуди е таканаречено пире од целата намирница. Смуди е погуст и неговата функција е да замени мали но квалитетни оброци. Може да се меша со сокови (пр. Портокал или јаболки, со пире од банана или круша, растително млеко, јогурт).