Пченкарна свила – ДИУРЕТИК
 
Пченкарната свила во форма на чај, е еден од нај јаките природни диуретици. Со консумирање на овој чај, во тек на 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената мочка и тоа без штетни последици, што е особено важно кај оние заболувања каде насобирањето на течностите делува неповолно на целиот организам. Чајот од пченкарна свила ги намалува болките (грчевите) во бубрегот. Исто така, со исфрлањето на поголемата количина на течности од организмот, се исфрла и вишокот на фосфор и белковини, што значително ги намалува ревматските тегоби, тегобите при гихт, кои се пратени со болки во зглобовите. Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот –асцит и белодробната обвивка –плеврит). Со водата се излачуваат и штетните материи од организмот, па редовното консумирање на чај од пченкарна свила е вистински природен лек за детоксикација на организмот. Ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб. Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење. Поради изразеното диуретичко дејство, чајот од пченкарната свила може да ви помогне и кога сакате да се ослободите од вишокот килограми (секако и со помош на адекватна диета и физички вежби). Со помош на чајот од пченкарна свила, вашиот организам забрзано ќе ги исфрли сите штетни материи.
  • 1 супена лажица (исушена) пченкарна свила
  1. Една лажица добро исушена пченкарна свила (доколку е непотполно исушена се губи дејството) се прелива со шоља врела (но не превриена) вода, се остава неколку минути и се процедува.
  2. Се зема по една супена лажица топол и незасладен чај на секои 2-3 часа. Ако вкусот на чајот не ви се допаѓа, може да го подобрите со додавање на сок од лимон.
  3. Доколку имате изразени тегоби, чајот може да го пиете и во поголеми количини – потребни ви се 25 грама пченкарна свила и еден литар вода за припрема на чај, кој потоа може да го пиете кога ќе ожеднете, наместо вода.