naslovna-rastenija

Лековитите растенија содржат слични состојќи како и лекарствата и треба да се биде внимателен при земањето на природните препарати бидејќи може да имаат разни негативни последици

Алое Вера (Aloe Barbadensis Miller)
aloe-vera-150x150

Ја зголемува активноста и делувањето на кремите кои содржат хидрокортизон. Со истовремено користење на лекови против дијабетес силно го намалува количеството на шеќерот во крвта, што може да предизвика хипогликемија и губење на свеста, бидејќи мозокот останува без потребната енергија..

 

 

Боровица/ Смрека (Juniperus communis)

borovica-150x150

Плодовите не смеат да се користат при воспаление на бубрезите. Употребувањето на плодовите бара многу прецизно дозирање. Не се препорачува за време на бременост.

 

 

 

Лук (Аllium sativum)

luk-150x150Го спречува згрутчувањето на крвта и не треба да се земе истовремено со други средства против згрутчување на крвта. При земањето на други медикаменти против СИДА, се намалува  ефикасноста.

 

 

 

Див костен (Aesculus hippocastanum)

div-kosten-150x150Домашните припремања од плодот или листовите на дивиот костен може да бидат опасни и да предизвикаат труење, па треба да се користат претежно производи од билни аптеки. Во случај на употреба заедно со средства против згрутчување на крвта, потребно е да се консултира со лекар.

 

 

Ехинацеа (Echinacea angustifolia)

echinacea-150x150Не смее да се користи при автоимуни болести затоа што провоцира комплетен раст на имунолошкиот состав па така и на оној дел од него кој сам го напаѓа своето тело. Тоа се болестите на тироидната жлезда, ревматоидниот артритис, Кроновата болест, улцеративниот колитис, лупус, ХИВ, мултиплекс склерозата, и херпеси.

 

 

Еукалиптус (Eucalyptus globulus )

euk-150x150Маслото на еукалиптусот е отровно, додека маслените препарати од еукалуптус може да влијаат на слабеење на ензимскиот состав на црниот дроб. Препаратите не смеат да се даваат на деца помлади од 2 години.

 

 

 

Гавез (Symphytum officinale)

gavez-150x150Никако не смеат да се мачкаат чиреви со маст од гавез додека целиот гној не е излезен од внатрешноста. Кожата површински толку добро и наеднаш се регенерира што станува задебелена и здрава но една капка на гној од длабочината на чирот повторно го покренува целиот процес на загнојување што може да доведе до состојба полоша од претходната.

 

 

Гинко билоба (Ginko biloba)

ginko-biloba-150x150Не смее да се користи истовремено со средства кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Го зголемува влијанието на медикаментите неуролептици.При истовремена примена со антидепресиви може да предизвика сексуални пречки. Не се зема заедно со аспирин и антиревматични медикаменти.

 

 

Глог (Crataegus monogyna и Crataegus laevigata)

glog-150x150Не се зема истовремено со средства за регулирање на крвниот притисок. Доколку е дијагностицирана срцева болест тогаш е потребно да се консултира со доктор пред земање на глог.

 

 

 

Кантарион (Hypericum perforatum)

kantarion-150x150Основен проблем е што ефектот од препаратите со кантарион се судираат со ефектот на низа медикаменти па за подолга употреба мора да се посоветува со фитотерапевт или доктор кој е запознат со несканите ефекти.

 

 

 

Хмељ (Humulus lupulus)

hmelj-150x150Истовременото користење заедно со средства за смирување го зголемуваат нивното делување.
Иѓирот/слатка трска (Acorus calamus). Не се користи при диареа.

 

 

 

Жалфија (Salvia officinalis)

zalfija-150x150Во големи (или само поголеми за осетливи луѓе) дози е неуротоксична што значи дека може да предизвика нервоза, главоболка а ректо но сепак се забележани и халуцинации. Силна концентрација на чај од жалфија предизвикува контракции на мускулите така што кај осетлив желудник може да предизвика повраќање, а кај бремени жени контракции на матката. Внимавање е потребно при силни дози кај лица со епилепсија и мигрена т.е кај сите на кои контракцијата на мускулите посредно или непосредно им наштетува.

 

Камилица (Matricaria chamomilla)

kamilica-150x150При високи дози го зголемува делувањето на медикаменти против згрутчување на крвта. Не се зема истовремено со средства за смирување или со алкохол. При осетливост на желудник силна и незасладена доза може да предизвика мачнина.

 

 

Коприва (Urtica dioica)

kopriva-150x150Колку и да е ниско железото во крвта или ако се сака пролетно чистење на организмот со коприва, доколку се има низок крвен притисок може да се направи голема грешка. Копривата толку добро ги дренира бубрезите и може да го поремети природниот баланс на водата во организмот од кој директно зависи крвниот притисок кој паѓа.

 

 

Липа ( Тilia platyphyllos)

lipa-150x150Го зголемува делувањето на медикаменти за срцеви тегоби и не треба да се зема заедно со медикаменти за срце. При долго континуирано применување на чај од липа може да предизвика срцеви тегоби (но при навистина многу долги временски периоди на негова примена). Големо внимание треба да се обрне за примена кај деца и стари лица.

 

 

Маточина (Melissa officinalis)

maticnjak-150x150Го зголемува влијанието на средствата за смирување.

 

 

 


Сремуш /див лук
(Allium ursinum)

sremus-150x150Кај силно осетливи лица за низок крвен притисок може да предизвика поголем пад на притисокот.

 

 

 


Диво нане
(Mentha piperita)

divonane-150x150При долготрајна употреба може да предизвика тешкотија со бубрзите, срцеви непријатности и губиток на апетитот.

 

 

Пелин (Artemisia absinthium)

pelin-150x150Да се одбегнува долготрајна употреба. При прекумерно користење може да дојде до вртоглавица, минливо заматување на свеста, но и умствено пореметување. Може да предизвика затврднување на желудникот, опстипација и вишок на желудечна киселина. Не се користи при чир на желудник и дванаестопалачно црево.

 

 

Пискавец (Trigonella foenum-graecum)

piskavec-150x150Ако сакате да направите крема за лице со пискавица, освен што ќе се исчисти кожата на лицето, благо ќе осветли и изнијансира, на делови на лицето кои се третирани со кремата може да се случи појачана влакнетост.

 

 

 

Коњско опавче/Преслица  (Equisetum arvense)

konjski-opas-150x150Честите коментари во книгите од народната медицина дека коњското опавче предизвикува недостаток на витамин Б и дека го поттикнува правењето на камен во бубрезите сепак не се точни. Недостаток на витаминот Б предизвикува еден вид на коњско опавче кој се користи за сточна храна и е сроден со полскота коњско опавче, иако таа не се користи за исхрана на луѓето и претежно расте во Америка. Новите научни истражувања докажале дека при употреба нема да предизвика крв и камен во бубрезите иако традиционалната медицина го тврди спротивното.

 

Ротквица (Raphanus sativus L.)

rotkvica-150x150При примена на ротквица внимание треба да обрнат тие со болести на срцето, како и болести на црниот дроб, со чир на желудникот и дванаестопалачно црево и со воспалителни процеси на желудечно-пробавниот тракт.

 

 

 

Рузмарин (Rosmarinus officinalis)

ruzmarin-150x150Ја поттикнува циркулацијата и ќе ги загрее студените нозе но и ќе го повиши крвниот притисок и ќе го појача менструалното крварење.

 

 

 

Сена (Cassia angustifolia)

sena-150x150Се користи против затвор со провоцирање на механичко движење на цревата, што може да предизвика грчеви. Не треба да се користи за време на бременост и доење како ни кај лица со ненадејна појава на болки во абдоменот и следователна опстипација кои може да се последици на акутни состојби (воспаление на слепо црево, преплет на црева).

 

 

Ајдучка трева (Achillea millefolium)

ajd-trev-jb-01-150x150Кај осетливи на низок крвен притисок, може да допринесе за поголем пад на притисокот.

Исто кај осетливи лица може да предизвика алергиска реакција и затоа треба да се корист само млада тукушто расцветана ајдучка трева и чај во мали количини.

 

 

Валеријана (Valeriana officinalis)

valerijana-150x150Ги зголемува ефектите на медикаментите за смирување и против несоница, и не смее да се зема истовременоа. Во големи количини и при долготрајна употреба може да го оштети срцето и да предизвика зависност, како и некои потешкотиии со црниот дроб и треперење на рацете.

 

 

Зелен чај (Camellia sinensis)

zelen-caj-150x150Кофеинот од зелениот чај може да предизвика компликации ако се зема истовремено со антидепресиви. Во поголема количина ја разредува крвта.