Алергии

Алергија е зголемена осетливост на организмот на влијанието на некои фактори на животната средина, кои се познати како алергени (хемиски супстанции, микроорганизми, храна, полен на некои растенија, и др.). Манифестацијата на алергиите е индивидуална. Симптомите на алергиската реакција може да бидат општи или локализирани на орган или органски систем преку кој алергенот влегол во телото (кожата, мукозните мембрани (слузница), гастроинтестиналниот или респираторниот систем). Симптомите на алергиската реакција се разликуваат значително во брзината на настанувањето и интензитетот. Понекогаш симптомите се развиваат многу брзо и може да го загрозат животот на пациентот (анафилактичен шок). Во најчести алергиски состојби се вклучуваат алергиски респираторни заболувања (алергиски ринитис, астма, алергиски алвеолитис), алергиски конјунктивитис, алергиски кожни болести (уртикарија, атопичен и контактен дерматитис), гастроинтестинални алергиски болести, алергиски реакции на лекови, анафилактички реакции, особено хиперсензитивни на отров на инсекти.
  • 5 рамни супени лажици синап
  • 4 лажици кантарион
  • 3 лажици корен од глуварче
  • 2 лажици Коњско опавче (преслица)
  • 1 лажива пченкарна свила
  • 4 лажици сецкани шипки (плод)
  1. Коренот од глуварчето и плодовите од шипка се мелат во машина за мелење на месо. Се соединува со останатите состојки и мешавината добро се промешува. Една супена лажица на оваа мешавина се става во емајлиран сад и се прелива со 1,5 чаша со ладна вода навечер и сеостава преку целата ноќ.
  2. Наутро ставете ја смесата да се вари до точка на вриење но да не проврие, тргнете ја од огинот и завиткајте го садот и оставете го 4 часа да отстои па процедете го.
  3. Содржината на чашата се пие во текот на целиот ден по 1/3 од чашата три пати дневно пред јадење. Се чува во фрижидер.
  4. За неколку дена алергијата ќе почне да поминува.
  5. ВАЖНА НАПОМЕНА!
  6. Во почетокот ќе бидат тврди отоци во носот, потоа во подбрадокот, раце, на горниот дел на нозете со силно чешање. Тие делови да се премачкуваат со анестезирачка течност. По месец дена почнува оздравувањето. Потребно е да се лечи 6 месеци и за тоа време не смее да се конзумира алкохол. Оваа мешавина на билки е добра и за деца кога кај нив како алергијата да влегува внатре и стануваат преосетливи. Оваква алергија се случува заради пореметување во размена на материите при неправилна исхрана.