Што се афирмации?
Афирмациите се позитивни искажувања кои ја опишуваат состојбата која што сакаме да ја постигнеме. Тие се повторуваат повеќе пати за да ја убедиме нашата потсвест и со тоа да ја поттикнеме таа да се промени или зајакне со програми според кои функционира. За да имаат ефект афирмативните реченици, треба сето тоа да се изведува со потполно внимание, убедување, интересирање и желба.
А кои афирмативни реченици треба да се повторуваат?
Може да се земе афирмација која ја има на интернет и лесно се пронаоѓа. Една од најзначајните имиња на полето на афирмацијата и позитивното мислење е Луиз Хеј (Louise L. Hay).
Ако имате конкретен проблем кој би сакале да го решите со афирмации и не ви требаат општи реченици, можете да си составите и свои афирмативни изјави. Но правењето на афирмација може да биде неадекватно и неефикасно дури и контрапродуктивно ако не знаете тоа како треба да го направите.
Неколку правила кон кои мора да се придржувате при осмислувањето на афирмацијата:
*** Зборувајте во прво лице-кажете “ЈАС СУМ…”, а не “ти си…” или “Ана е…”
*** Користете сегашно време “ЈАС СУМ…” а не “јас ќе бидам…” или “би сакал/а да бидам…”.
Нашата потсвест ја познава само сегашноста и не ги разбира ниту минатото ниту иднината.
Изговарајте ги речениците во позитивен контекст-морате да се фокусирате на позитивното а не на негација на негативното.
Пример: наместо “Не сум нервозен/на”, кажете “Потполно сум опуштен/а”. Ако се изговараат речениците во негативен контекст, може да се случи да произведете спротивен ефект од саканиот.
Најчесто се изведуваат при медитација, или непосредно пред спиење но најдобро е да се почне секое утро пред огледало и да се наполните со позитивна енергија така што полугласно ќе се изговорат неколку позитивни реченици.
Како да се користат афирмациите?
Афирмацијата треба да се изговара колку што е можно по често. Обично препораката е минимум 3 пати во денот. Навиките се стекнуваат по 3 недели, 21 ден а некогаш е потребно повеќе време затоа што веќе усвоените концепти се многу цврсти и силни додека се променат. Повторувајте ги своите афирмации околу 30тина дена за да го осетите нивниот ефект. Доколку во меѓувреме емоцијата во врска со некоја афирмација се промени. Мофифицирајте ја афирмацијата според потребата и продолжете понатаму. Афирмациите како и целите, секогаш трудете се да ги имате со себе и да бидете опкружени со нив. Така со тек на време негативните мисли ќе се заменат со позитивни. Можеби се ова изгледа смешно но пробајте да застанете пред огледало, да погледнете во своите очи, да ја изговорите афирмацијата и притоа да се пторудите вистински тоа што го изговарате да го мислите и да го почувствувате. Количината на непријатност која би можела во овој случај да се јави е сразмерна со искривената слика која ја имате за себе и за животот. Но, продолжете понатака, и не се откажувајте! Наскоро ќе ја зголемите и подигнете самодовербата и ќе се радувате самите на себе пред огледалото.
Целта на афирмациите
Целта на афирмациите е да се прати порака од свесниот во потсвесниот дел на умот.
Потсвесниот ум има способност да претвори се што мисли дека е вистина во стварноста. Целта на афирмацијата е да се пренесе пораката во потсвесниот ум, и да се натера да мисли дека таа порака е вистина. Тоа не носи до првиот елемент на ефективни афирмации.
*** *** ***
Длабоко, во внатрешноста на моето битие се наоѓа бесконечен извор на љубов. Сега и дозволувам на таа љубов да излезе на површина. Таа го исполнува моето срце, тело, ум, свест, целото мое битие, зрачи од мене во сите насоки и ми се враќа мултиплицирана, и што повеќе љубов користам и давам, тоа се повеќе и повеќе морам да давам, затоа што потребата за неа е бескрајна.
*** *** ***
Употребувањето на љубовта ми допринесува да се чувствувам добро, таа е израз на мојата внатрешна радост. Јас се сакам себе и според тоа со љубов се грижам за своето тело, со љубов го хранам со здрава храна и пијалок. Со љубов го негувам и облекувам, и моето тело со љубов одговара со здравје и енергија.
Јас се сакам себе и според тоа се погрижив за удобен дом, кој ги исполнува сите мои потреби и во кој со уживање престојувам. Секоја соба ја исполнувам со вибрации на љубовта, така што секој што ќе влезе вклучувајќи ме и мене ја осеќа таа љубов и е исполнет со неа.
*** *** ***
Јас се сакам себе и според тоа ја работам работата во која искрено уживам, тоа е работа која ги користи моите креативни творечки таленти и способности. Работам со луѓе и за луѓе кои ги сакам и кои мене ме сакаат и добро заработувам.
*** *** ***
Јас се сакам себе и според тоа се однесувам и мислам со љубов спрема сите луѓе, затоа што знам дека тоа што јас го емитувам/зрачам спрема надвор, мултуплицирано ми се враќа. Јас привлекувам само луѓе исполнети со љубов затоа што тие се огледалото на она што сум јас. Јас се сакам себе и според тоа заборавам и во потполност се ослободувам од минатото и сите искуства од минатото.
*** *** ***
Слободен сум/слободна сум. Јас се сакам себе и според тоа живеам во целост во сегашноста, доживувајќи го секој момент како добар, знаејќи дека мојата иднина е светла, радосна и сигурна, затоа што сум сакано дете на свемирот и свемирот со љубов се грижи за мене сега и засекогаш. Тоа е така!
Моќта на визуелизацијата
Наполеон Хил вели : “Се она што умот може да го замисли и поверува, умот тоа може и да го оствари”. Верувањето е примарно! Ако можете да “видите”, тогаш можете и да “бидете”. Нашата потсвест не може да разликува вистинско случување од визуелизирано искуство. Оваа толку едноставна вистина може да не однесе до многу подобри способности- доколку ја користиме визуелизацијата во наша корист. Тоа може да биде едноставно како дневно сонување но на кое додаваме фокусираност и јасност. Ова се некои почетни чекори кои може да се користат кога ќе се вежба уметноста на визуелизацијата.
Дајте си “оддишка”, опуштете се во некоја позиција која што Ви одговара. Останете ментално будни и почнете да го фокусирате Вашето внимание на тоа дека сте ослободени од вашите грижи.
Чекор број ДВА
Почнете да гледате, во окото на Вашиот ум нешто позитивно, нешто што сакате да го псотигнете и потоа градете слика, секвенца по секвенца во која се гледате себе како ја остварувате својата цел.
Користете ги сите ваши сетила, за да на менталниот филм му додадете ентузијазам и енергија. Гледајте, слушајте, осетете го вкусот, мирисот и допирот на својата цел со додавање на илустративни слики. Како што се бојат уметничките слики со бои и четка, така можете да ги боите сликите на Вашиот успешен настан.
Чекор број ЧЕТИРИ
Вежбајте визуелизација одново и одново, концентрирајќи се на една слика која сакате да ја “развиете”. Фокусирањето на саканото достигнување е клучот.
Заклучете го филмот со присутност во овој момент и кажете си на себе дека тоа е вистината за Вас. Вие сте креаторот и шампионот на својата визуелизација. Таа е ВИСТИНА за Вас.
Чекор број ШЕСТ
Вратете се во својата вообичаена состојба и потсете се се себе си да вежбате неколку пати дневно. Така ќе дојдете до својата цел- замислете, верувајте и остварете ја!
Афирмации за здравје, љубов, мир и благосостојба
Афирмации за здравје:
- Секоја клетка од моето тело е наполнета со енергија и здравје
- Љубовта спрема себе го исцелува мојот живот. Го негувам својот ум, тело и душа
- Моето тело се излекува/исцелува брзо и лесно
Афирмации за благосостојба:
- Што и да правам, стекнувам благосостојба, и знам, дека ја заслужувам
- Колку повеќе се заблагодарувам, толку повеќе причини имам за благодарност
- Плаќам сметки со љубов, затоа што знам дека благосостојбата слободно тече низ мене
Афирмации за љубов:
- Знам, дека заслужувам љубов и сега ја прифаќам
- Давам љубов и таа ми се враќа мултиплицирана
- Се радувам на љубовта која ја сретнувам секој ден
Афирмации за љубовна врска:
- Имам прекрасен партнер и нашата врска е среќна и мирна
- Се ослободувам од очај и ја пуштам љубовта да ме пронајде
- Привлекувам само здрави односи
Афирмации за слабеење:
- Мојата телесна тежина е оптимална за мене
- Свесно бирам здрави навики
- Бирам редовно да вежбам
Афирмации за самопочитување:
- Како јас верувам во себе, така и другите
- Ги изразувам своите потреби и чувства
- Јас сум единствена личност-посебна, креативна и прекрасна
Афирмации за мир и хармонија:
- Сите мои односи се исполнети со љубов и хармонија
- Јас сум мирен/мирна и безгрижен/безгрижна
- Верувам во животот
Афирмации за здравје:
- Животот е радост, исполнет со прекрасни изненадувања
- Мојот живот е среќа исполнет со љубов, веселба и пријателства
- Бирам љубов, среќа и слобода, го отварам своето срце и допуштам убавите работи да влезат во мојот живот
Со љубов,
Сузана