Мелеми „Royal Flowers“

Погоден за третман на сите кожни болести:

Екземи, импетиго, псоријаза, сабореја, акни, инфекции на кожа предизвикани од бактерии, вируси или гливици.  Кај оштетена и повредена кожа: исеченици, гребаници, изгореници, рани. Посебно е делотворен кај рани кои тешко зараснуваат, а може да третира и свежи лузни, потоа кај каснувања и убоди од инсекти. Се употребува и кај проширени вени. Во козметички цели помага при проширени пори, отстранува митесери, намалува појава на гнојни акни, ги отстранува флеките на кожата и ја намалува видливоста на лузните. Ги омекнува задебелувањата на кожата-хиперкератоза и плускавци.

Дејство на мелемот:

Го обновува површинскиот слој на кожата (епидерм) и на тој начин го убрзува зацелувањето на кожните процеси и зараснување на раните, дури и кај отворени рани кои не зараснуваат.

Има антибактериско и антигливично дејство и е добар антисептик.

Ги стабилизира крвните садови, па така спречува пукање и воспаление на вените и капиларите, ја намалува појавата на модрици, ги смирува проширените и воспалените вени.

Ја штити кожата, ја омекнува и хидрира.

Употреба:

Кога се нанесува на лице пожелно е кожата да биде претходно исчистена и влажна. Се нанесува тенок слој.

Кај чирови и рани, жуљеви, курје око се мачка на газа во дебел слој и се проицврстува на раната со завој или фластер.

При третирање на испукани и суви подрачја по нанесувањето се покрива со кеса или фолија за поефикасно омекнување на третираниот дел.

541368_570760686310884_1605470852_n 996611_570758792977740_990712985_n