Оргонити

ОРГОНСКА ЕНЕРГИЈА

Оргонската енергија е сеопфатна и сеприсутна животна енергија. Оргон е сила спротивна на ентропија а делува како креативна организирачка сила па може да се изедначи и со самиот живот. Факт е дека многу народи имале израз за оваа суптилна енергија : хиндуисти (прана), будисти и таоисти (чи, ки, реи-ки), старогрчките народи (етер).

Оргонитот е ефикасна работа која денес успешно пркоси на разни закони, неизлечиви болести, медицинската мафија, загаденото небо, вода и храна, упорно ширејќи љубов и хармонија која ни е потребна на сите жители на нашата напатена планета.

ШТО Е ОРГОНИТ?

Оргонит е мешавина на природни смоли и метални струготини со кристали на кварц кој се излиени во калапи со одредена форма, во одредена пропорција и по одреден распоред.

Заедно во оргонитот го креираат познатиот пиезоелектричен ефект во внатрешноста на кристалот.

Ова  значи дека крајните точки стануваат електрично поларизирани, со што предизвикува таа да функционира поефикасно како генератор на позитивна енергија.

Некои луѓе го користат оргонитот во борба против загадувањето кое што го произведуваат микробрановите емитери како што се компјутерите, телевизорите и мониторите, мобилните телефони, микробарновите печки, далекуводите и трансформатори, репетитори на мобилната телефонија , радиокативните громобрани и слично.

Други го користат за бришење на негативната енергија во своите домови, или ги користат за подобрување на растот на растенијата во домот, во својот пластеник или двор. Имаат добро влијание врз третманот на лечење на различни видови на рани.

Енергетски осетливите луѓе веднаш го чувствуваат енергетското поле и влијанието на оргонитот.

Влијанието на оргонитот е насочено и се чувствува во хармонизација на домот, мирни соништа, исчезнување на хроничниот замор и несоница, поголема животна сила и радост, помала потреба за сон и слично.

Луѓе кои се наполнети со негативна деструктивна енергија не можат да издржат во близина на оргонитот .

Присуството на оргонитот делува на вас како да е трансформатор на енергија во енергетското поле. Тоа  ќе ги исчисти и ќе ги стабилизира структурите на енергијата во енергетското поле. Колку ќе биде силен зависи колку се стари и силни тие енергетски структури.

Секако е добро да се користи во средина која емитува многу негативна енергија, како што се луѓе кои имаат негативни емоции или енергија, или во зграда во која работната атмосфера е крута, и каде што има многу технолошки уреди кои емитуваат штетна енергија.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРГОНИТОТ

– Оргонитот константно врши конверзија на негативниот оргон во позитивен оргон. Ова се случува пасивно, па затоа не е потребно напојување ниту негово одржување

– Со тек на време не се троши и не му слабее силата и јачината. Кристалите кои се вградени во него не бараат чистење како обичните кристали, бидејќи при конверзија на негативна во позитивна енергија тие исто така се чистат

– Својствата на кристалите во оргонитот се повеќекратно појачани заради пизоелектричниот ефект во кој во таа мешавина на состојките се јавува во внатрешноста на самиот кристал

– Оргонитот се активира кога во околината е присутна негативна енергија. Може да се каже дека негативната енергија е погонско гориво за оргонитот

– Сензибилните личности ја опишуваат енергијата емитувана од оргонитот како ладна со плава аура

– Докажано е дека оргонитот по извесно време умрежува и креира таканаречено оргонитно поле кое го појачува оргонизирањето на просторот

– Личното поврзување со оргонитот го појачува неговото дјество

– Програмирањето на кристалите при изведба на оргонитот и ментално енергетската мисла во период на креирање на оргонитот значително влијаат во појачување на неговите исцелителски способности (во случајот кристалите се третирани со Реики енергија, балансирање со фреквенции за сите чакри-солфежна терапија ). Со се ова се докажува дека оргонитот во своето битие е интелигентна животна сила која итекако реагира на влијанието на околината.

Со оглед  дека уредот (оргонитот) со своето зрачење го потикнува протокот на енергијата низ чакрите и делува на “слабите” места на нашата аура (места каде што се наоѓаат енергетските дупки и пореметувања), можни се одредени минливи тегоби на тие делови на телото во форма на притисок, затегнување или болка, односно главоболки и вртоглавици.

Доколку станува збор за чистење со пробивање на енергетските блокади, наведените симптоми би требало да слабеат од ден во ден. Доколку симптомите се влошуваат ве молиме да престанете со употреба на овој производ.

Заради потребата од прилагодување на енергијата на уредот, првите неколку ноќи можни се реакции во форма на несоница, топлина или појачани соништа. За да се намалати/или одбегнат овие тегоби ве молиме уредот во текот на ноќта да се постави најмалку 2-2,5м од местото на спиење.

!!! УПОТРЕБАТА НА ОВИЕ УРЕДИ НЕ Е ЗАМЕНА ЗА ЛЕКАРСКИ ТРЕТМАН!!!

УПОТРЕБА ВО МЕДИТАЦИЈА

Уредот креира јако вибрационо поле кое на особата (личноста) делува исцелувачки и смирувачки. Бидејќи оргонот е интелигентна енергија, ова искуство се продлабочува доколку своето свесно запазување го насочиме на самиот уред и ненапорно ги набљудуваме сензациите кои притоа се јавуваат. Уредот можеме да го поставиме на дланката или на одреден дел од телото. Во зависност од личност до личност, при медитација со уредот често се јавува чувство на мир, олеснување, топлина, вруќина на дланките или стопалата, поспаност, опуштеност, додека сензибилните личности може да ја видат и аурата на уредот.

СВОЈСТВА НА ОРГОНИТОТ И ПРИМЕНА

Оргон-познат под името Ки,Чи,Прана, етер, животна енергија и есенција на креативните сили на природата, невидлива енергија која го исполнува целиот свемир, ја креира материјата и влијае на животот. Незапирливиот и доволен проток на оваа енергија внатре и вон телото овозможува добро здравје, виталност и права животна енергија додека недостатокот или дисбалансот на оргонската (животна) енергија креира болест и депресија.

Во денешно време, главен извор на негативен оргон т.е негативно зрачење се мобилните телефони и репетитори за мобилните уреди, компјутерите, микробрановите печки, телевизиските приемници, монитори, електрични инсталации, далекуводите, трафостаниците, загадената околина и негативното зрачење на луѓето.

Повеќето од модерните стресови се предизвикани со употребата на електронските уреди и се нарекува електромагнетен стрес или електронски смог.

Тој електронски смог ние не можеме да го видиме, но затоа го чувствуваме како лутина, раздразливост, летаргичност, мрачност и др.

Концентрацијата на постоењето на електронскиот смог е мерлива со дигитални анализатори.

Големо штетно влијание по нашето здравје има и несоодветното спиење на места каде што се наоѓаат подезмни води и штетните зрачења од универзумот. (свемира). Вкрстувањето (јазлите) на наведените сили делува канцерогено и со тоа предизвикува низа на дегенеративни болести поради енергетското исцрпување и ослабување на организмот.

Голема помош и олеснување за ова се оргонските уреди кои константно зрачат здрав оргон, претворајќи го автоматски штетното зрачење кое го емитуваат електронските уреди и надворешните штетни зрачења во позитивно и неутрално опкружување. Сето тоа се одвива пасивно, затоа што на оргонските уреди не им е потребно ниту напојување ниту одржување. Вградените кристали не бараат чистење (за разлика од стандардните кристали), затоа што уредот не акумулира негативна енергија туку според принципот на хаосот го претвара во она опкружување за кое на сите ни е грижа.

Според сите сознанија и впечатоци (од  основањето/постанокот на овие значајни, а за денешно време на нас и нашата планета толку потебни) уреди:

 – Неутрализирата и штитат од електромагнетно зрачење (компјутери, телевизиски приемници, мобилни, микроталасни печки) и општо сите електронскин уреди, зрачења на подземни води и зрачења на универзумот на начин да го поддржуваат и зајакнуваат вашиот имунолошки систем и со тоа го чистат, балансираат и полнат вашето енергетско поле (аура) и енергетските центри (чакри).

– Помагаат во енергетското обновување на организмот што е многу битно при опоравување по операција и третирање на канцерогени и хронични болести.

– Го организираат просторот во кој што се претстојува, создавајќи позитивна атмосфера и хармонија

– Овозможуваат помирни соништа и подлабок одмор во текот на ноќта, намалувајќи го периодот на спиење

– Смируваат емотивно, помагајќи при совладување на депресија, тага и стравови

– Делуваат антистресно, овозможувајќи посмирено и посреќно/попозитивно расположение

– Ја будат духовната свесност и љубов спрема себе и најблиските

– Ги хармонизираат меѓучовечките односи

– Ги појачуваат психичките и духовните способности

– Делува/влијае  на емотивно/ментално ускладување

– Го засилува делувањето на било кој кристал во близина, и ги чисти кристалите

– Ја зголемува продуктивноста во работното опкружување

– Ја поттикнува креативноста

– Делува позитивно на животните и на растот на растенијата

– Ја енергизира водата

– Ја намалува хиперактивноста кај децата

– Делува на способноста на подобро памтење и брзо учење

– Штити од негативните енергии на другите луѓе

– Го појачуваат дејствувањето на било кој кристал во близина и воедно ги чистат

– Штити од негативни влијанија од страна на астрални (нефизички) нивоа

– Поставен во природа, креира енергетска рамнотежа и ја чисти атмосферата

– Ги активираат и појачуваат прикриените и неразвиени пцихички способности како што е 6-то сетило, биоенергетска осетливост, интуиција

– Го ослободуваат телото од стрес, токсини и паразити

– Поттикнуваат брзо оздравување, го подигаат имунитетот

– Ги урамнотежуваат енергетските центри (чакри) и го поправаат енергетскиот проток предизвикан од разни блокади

– Ја менуваат силата на бојата на Аурата

Кристалите се програмирани со Реики балансирање и Solfeggio фреквенција 528 Hz за која се знае дека ја поправа ДНК и ја користат и генетичарите. 

1381742_708531142508518_1882425199_n1379561_708531309175168_12508220_n

 

 

 

 

 

 

 

 

1378208_708531345841831_1707953391_n1374728_708531365841829_1878792646_n