Поленска кивавица

Поленската кивавица е предизвикана од алергиска реакција и претставува воспаление на мукозните мембрани кои ги обвиткуваат носот и грлото. Поленската кивавица главно е предизвикана од полен на трева, дрва или плевели како и мувла од надворешна средина. Пред се се појавува во пролет кога е висока концентрацијата на поленот во воздухот. Симптоми на поленска кивавица се јавувват за кратко време по контакт со алергенот. Тоа се: чешање во носот, често кивање, назална конгестија (запушен нос), чест назален секрет, воспалени црвени и влажни очи, сливање на секретот од носот во грлото. Ако дошло до потешка форма на воспаление на слузницата на носот, при хронична иритација може да дојде до крварење од носот. Кај некои лица главоболките се чест придружник при алергиската кивавица. Болеста започнува ненадејно, а симптомите обично траат неколку недели. Копривата е исклучително препорачлива бидејки помага кај секоја алергија, а кај поленската кивавица бидејки станува збор исто така за алергија, за релативно кратко време може да се излечи ако се пие чај.
  • 1 кафена лажица коприва
  • 1 кафена лажица Шведска горчливка (шведски битер)
  1. Копривата се прелева со 200 ml врела вода и се остава да отстои 5-7 минути. Се процедува и откако ќе се олади се додава мала лажичка Шведска горчливка. Се конзумираат 3-4 шољи дневно