Фитотерапија

Фитотерапијата е најстарата форма на лечење за различни болести преку лековити билки и препарати од лековити билки. Денеска

Фитотерапијата е најстарата форма на лечење за различни болести преку лековити билки и препарати од лековити билки.

Денеска претставува основа за зачувување на здравјето и секако додатна можност во превенцијата и третман/лечење на поблага форма на болестите.

Нејзината употреба со векови во традиционалната медицина е поддржана со научни и клинички истражувања за нејзината безбедност и ефикасност па затоа модерната фитотерапија не смееме да ја ограничиме во алтернативната медицина туку да се гледа како дел од научната природна медицина.

При самото нејзино спроведување посебно треба да се биде трпелив затоа што влијанието а со тоа и резултатите се бавни.

Со лековитите билки не може да се излечи се, но со нив во нашиот организам внесуваме мноштво на корисни состојки (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси флавоноиди, минерали, ензими) и го зајакнуваме и го правиме поотпрен, ги подобруваме метаболичките процеси и ги отстрануваме штетните материи од телото.

Лековитите растенија, ако се користат на вистински начин, речиси и да немаат несакани ефекти, но и да ги има било какви тогаш тие се сведени на минимум.

Денес, се преферира одгледување на лековити растенија, без користење на вештачки ѓубрива и инсектициди (биолошко земјоделство или биодинамичко земјоделство) или да се собираат во еколошки чиста област за да се избегне штетното влијание на загадувањето и да се има контрола на бербата, чување и обработка на растенија, со што се обезбедува здравствената исправност и сигурноста/безбедноста на растенијата/производите.

Лековитите билки денес се користат во различни фармацевстки форми: водени екстракти од растителни лекови (инфузи, декокти и мацерати), етанол екстракти (тинктури и билни капки), маслени мацерати, сирупи, таблети и капсули. 

 

Важно е да се нагласи дека концептот на хербални лекови/хербална дрога во фармацијата се однесува на сувите и иситнети делови во прав од растенијата (цвет, лат. Flos; лист, лат. Folium; надземен дел на растението – зелена, лат.herba;.. Кора, лат. кортекс; корен, лат.radix, плод, лат. fructus или семе), кои потоа се користат во фитотерапијата, така што тие не се наркотично средство.

Супстанците важни за ефектот од растението често се наоѓаат само во еден дел на растението и поради тоа тој дел се користи како хербален лек, а за да од растението се исцрпи поголемиот дел од активните супстанци најчесто го потопуваме во вода.

 

Во зависност од тоа кој хербален лек го користиме, ние разликуваме различни методи на подготовка со користење на водата како растворувач: инфуз-чај, декокта, мацерат.

Современата фитотерапија е совршена комбинација на традиционалните искуства и резултатите од модерната наука.

Денес во неа е познат хемискиот состав на главната активна состојки, а самата употреба на лековитите билки треба да се рационализира и да се препушти на експерти, што е особено важно при комбинирање на билки со други лекови.

Pin It

Leave a Comment