Витамини

Витамините (латински vita = живот) претставуваат било каква сложена органска материја која природно се наоѓа во растителниот и

Витамините (латински vita = живот) претставуваат било каква сложена органска материја која природно се наоѓа во растителниот и животинскиот свет и е од суштинско значење за метаболичките процеси.

Човечкото тело во доволна количина не може да синтетизира ниеден витами, а некои не може и воопшто да ги синтетизира и затоа мора да се внесуваат со исхраната.

Денешниот начин на производство и преработка на храната заедно со индустриската загаденост на средината и стресниот начин на живеење кои се води, условува со потребата за додавање на количините на витамините.

Во човечкото тело како коензими во многу ензимски системи се јавуваат метали и витамини (или супстанци кои произлегуваат од витамин, на пр. тиаминдифосфат кој настанува со реакцијата помеѓу фосфорната киселина и тиамин).

Молекулот на алкохолдехидрогеназа , кој во црниот дроб ја катализира оксидацијата на алкохол во ацетат, содржи два атоми на цинки. Цистеаминоксидаза содржи атоми на: железо, бакар и цинк. Никотинамид, една форма на витаминот B3, прави важни делови на два коензими: дифосфопиридинуклеотид и трифосфопиридинуклеотид. Овие конезими се јавуваат во повеќе од двесте и ензимски системи. Сите други витамини, освен витаминот C, исто така, служат како коензими.

Некои од нив се растворливи во масти (A, D, E, F и K) и се апсорбираат во човечкиот организам. Други се растворливи во вода и се апсорбираат во минимални количини. Сите витамини и олигоелементи потребно е да се земаат со храна или по јадење, неколку пати на ден, бидејќи на овој начин значително се зголемува апсорпцијата.

A, D, E, F и K витамините треба да се земаат со масна храна. Во случај на недостаток на еден витамин сите други потешко се користат. При давањето на една специфична комбинација на витамини, за една одредена болест, секогаш треба да се даде и еден мултивитамински препарат.

Сите се излачуваат преку урината освен витамините А, D и Е, кои главно се излачуват преку изметот. Со оглед дека витамините растворливи во вода се излачува после четири часа по земањето,за да се обезбеди континуирано дејство, од неодамна се произведуваат во форма на микро гранули, од кои постепено се ослободуват.

Исклучителна тераписка ефикасност без несакани последици или со минимални несакани последици (A, B3, B6, D i K) при предозирање, своето објаснување го имаат во фактот дека ги сочинуваат нормалните делови на човечкиот метаболизам.

Во многу случаи тераписки ефикасно може да се делува исклучиво со витамини. Нивната примена не е во котраиндикација за истовремено давање со друга терапија, напротив несаканите дејства со употреба на витамините се сведуваат на минимум.

Во тек на лечење на хиповитаминоза се користи високопротеинска и високовитаминска диета. Со неа се даваат витамини спред индикации во дози 5-10 пати поголеми од потребата за оддржување. Диетите исто така може да доведат до недостаток на извесни витамини и олигоелементи. Диета богата со протеини а осиромашена со јагленихидрати доведува до недостаток на A, C, железо и калциум. Балансираните диети доведуваат до недостаток на B комплекс и калциум.

Pin It

Leave a Comment